СПОРТСКИ ЦЕНТАР МАВРОВО

Спортскиот центар Маврово и нашите хотелски капацитети, во летните месеци, ви нудат извонредно поволни услови за летни, спортски подготовки на вашата екипа. Идеалната надморска височина (1.200м.), поволните климатски карактеристики, понудата за тренинзи на отворено и во сала, можноста да се користи жичарницата за вежби на повисоки надморски височини, содржините на хотелите и опременоста, се одлични предуслови за квалитетни, спортски, тренажни процеси и подобрување на општата физичка и здравствена состојба на спортистите, во еден вистински, тимски ритам и дух. За победи!

Во склоп на Спортскиот центар Маврово, во непосредна близина на хотелот Спорт и Мавровското Езеро, се наоѓаат асфалтното тениско, кошаркарско и ракометно игралиште, тревнатото фудбалско игралиште и спортската сала. По договор, имате можност и за користење на жичарницата и вежби на падините на Бистра.\

Добредојдовте!

ЛОКАЦИЈА