Известување

Известување за мозаикот на Глигор Чемерски на Старо Бачило во Маврово

Ресорт Маврово како одговорна компанија која се грижи за природните и културните убавини на Маврово ќе ги преземе сите неопходни дејствија за да го врати бетонскиот постамент на мозаикот на Глигор Чемерски во првобитна состојба. 

Фонтаната заедно со постаментот на мозаикот беа во многу лоша и запуштена состојба. На самиот постамент имаше испишано недолични пораки чие место не е до уметничкото дело на Глигор Чемерски за кој имаме огромна почит како автор и уметник. 

Како компанија ја исчистивме фонтаната и просторот околу постаментот кои беа оставени без никаква соодветна грижа. Фонтаната ја ставивме во функција за која што првично била намената. Со интервенција на постаментот која не го оштетува мозаикот, сметавме дека не само што ќе ги отстраниме недоличните пораки, туку и ќе ги привлечеме посетителите на Маврово да дојдат на оваа локација и да го видат преубавиот мозаик на Глигор Чемерски кој неоправдано е оставен без соодветна грижа. 

После реакциите и критиките за нашата интервенција, стоиме позади нашите акции и доколку постои некоја грешка ќе биде исправена. Ресорт Маврово која е општествено одговорна компанија секогаш ги слуша препораките и критиките за нашето работење и затоа ќе го врати постаментот во првобитната состојба. 

Ги повикуваме сите оние кои сакаат да го видат ова уметничко дело да го посетат и заедно да работиме на негова популаризација. Но, најбитно од се е неговата заштита, да не остане без соодветна грижа и да не се доведе повторно во состојбата во која што беше, прекриен со недолични пораки и нефункционална фонтана исполнета со смет.