Аматерски хуманитарен велеслалом Маврово 2020

AHVM

 

Огромна благодарност до сите компании кои земаа учество во 18-тиот Аматерски Хуманитарен Велеслалом во Маврово.

За овогодинешниот настан беа пријавени 32 компании со вкупно 71 тимови.

Со помош на сите пријавени тимови, собравме вкупна донација од 14.200 евра за "PAWSITIVE IMPACT", проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондација Импакт, непрофитна организација АМОС Шелтер и Општина Маврово и Ростуша, а собраните средства ќе бидат употребени за вдомување и вакцинација на бездомните животни во општината.

Време е да ги прогласиме победниците.

Тимови со најдобри резултати според времето на најбрзите два натпреварувачи од екипите се:

1. Енерго Системи

2. Мавровски Мерак

3. Телеком

 

Најдобрите тројца од сите категории се:

ЖЕНИ:

1.Ивчевска Ивана - Канал 5

2.Спировска Мери - Телеком

3.Карангелевска Ана - Неотел

 

МАЖИ СНОУБОРД:

1.Рафајловски Бошко - Енерго Системи

2.Димитриевски Даниел - Телелинк

3.Глигоров Игор - Алкалоид

 

МАЖИ ПОД 40 ГОД:

1.Мартиновски Мартин - Енерго Системи

2.Попоски Страхиња - Мавровски Мерак

3.Златески Васко - Кола

 

МАЖИ НАД 40 ГОД:

1.Танев Иван - А1

2.Солески Кире - Комерцијална Банка

3.Синадиноски Новица - Snow Sport Academy

Оваа година, тематата на традиционалната забава која се одржи во Дискотека Ратрак беше "Oscar party", каде што најхрабрите се маскираа во своите омилени филмски ликови и се доделија оскари за најуспешните во неколку категории.

Уживајте во фотогалеријата: shorturl.at/blnqQ