Инфографик Ресорт Маврово

„Ребрендирањето на центарот може да го гледаме како логичен потег од континуираното подобрување. Ресортот вложува согласно можностите на приватен ски центар во Република Македонија, во тоа што нашите гости го бараат секоја сезона. Наша задача е да го изостриме слухот, тие барање да ги адаптираме најбрзо што можеме и да не се повторуваат од година во година, а таму каде можеме и да изненадиме.

Поголемите инфрастуктурни инвестиции започнаа во 2018 година кога од реномираниот италијанско – австриски производител DemacLenko набавивме и монтиравме современа опрема за заснежување и правење вештачки снег. Таква опрема се користи во светските познати ски центри како што се Шамони, Кицбил, Ст. Мориц, Кронплац. Инвестиравме во 19 шахти, 9 снежни топови, 4 снежни етикови. Системот за вештачки снег на Едносед стазата е во должина од речиси 2 километри и целосно ја покрива стазата. Вкупната инвестиција само во овие активности е 1.000.000 евра“, објанува Огњан Циговски, директорот на групацијата К.А.К.

Infographic Resort Mavrovo

Инвестицискиот циклус во 2019 година опфати набавка на современа опрема од DemacLenko за заснежување и правење вештачки снег на ски патеката Маврово 2 (патека двосед) во вредност од 600.000 евра. Патеката двосед е проширена и отворена е и новата ски патека „52”. Патеките се обележани со знаци и поставени се снежни огради.

Дополнители инвестиции во 2018 година се 120.000 евра за опрема (ратракот со винч и 15 илјади евра за медицинско возило). Во Хотел Спорт инвестирани се 60.000 евра во надворешен базен и џакузи, што ќе може да се користат во лето и во зима. Додека 70 илјади евра се инвестирани во нов систем за греење со енергетска ефикасност. Проширен е и паркингот пред хотелот и неговиот капацитет е сголемен за 200 паркинг места.

Во близина на бачилото Трифкова колиба поставени се буквите МАВРОВО, на локација каде што можете да го доловите и да го споделите идеалниот зимски пејзаж, а дотаму може да се стигне со пријатна 15-минутна прошетка од горната станица на двосед Маврово 1.

„Во поглед на стратешките планови и „меките“ мерки за унапредување на менаџирањето со Ресортот, инвестиравме во нашето знаење и визија. Во 2018 година го ангажиравме Гир Олсен, надворешен консултант да изработи долгорочна и амбициозна студија за Скијачкиот центар Маврово. Скијалиштето доби нов, поубав и побезбеден облик, а неговата намена е мултифункционална за наредната деценија “, вели Огњан Циговски, директорот на групацијата К.А.К.

За безбедност на скијалиштето и медицинска заштита, центарот вработи и медицински тим, а склучи и договорот со македонското Здружение за заштита и спасување во планина и неристапен терен – Асклепиј – Ски патрола.

За подобрување на текот на информации и унапредување на менаџирање со дестинација каде сме свесни дека сме лидери, Ресорт Маврово го издава и списанието „Наше Маврово“ на македонски, англиски и албански јазик со тираж од 7000 примероци. Ресортот вложи и во обуки на нововработените посветувајќи особено внимание на менаџментот и кадарот вклучен директно во угостителството и односот со гостите, а овде спаѓа обука за вработените на жичара, келнерите и рецепционерите.