Купи карта онлајн

Mavrovo Thrones

Почитувани скијачи, бордери, фанатици, 

Чест и задоволство ни е да го најавиме "MAVROVO THRONES", настан кој за прв пат ќе се одржи на Ски Центар Заре Лазаревски воедно и прв од таков тип во Македонија. Суштински МТ е трка на скијачи и бордери со која сакаме да ги пронајдеме најбрзите маж и жена на планината и да ги прогласиме за Кралот и Кралицата на скијањето или бордањето на ски центарот во Маврово. 

Сите пријавени стартуваат од највисоката точка на скијалиштето (врв на Белички ски лифт) а финишираат на крајот од ски патеката под едносед. Секој ја избира својата стаза по која ќе се движи без никакво правило. Сепак, за време на трката ќе има 3 точки каде натпреварувачите ќе мораат да поминат (check point) и тоа:

1 точка - Галичко Бачило

2 точка - Првиот повратен ски лифт од кај Трифкова колиба (тој што не е во функција)

3 точка - Трифкова колиба

На двете попатни бачила (Галичко и Трифкова колиба) секој учесник мора да застане каде ќе има додатни игри, кои мора да ги комплетира пред да продолжи понатаму.

ПРАВИЛА НА ТРКА 

  • Секој учесник мора да биде полнолетен 18+;
  • Секој учесник мора да носи кацига и соодветна скијачка или бордерска опрема;
  • Масовен старт по категории (мажи, жени) без разлика дали сте скијач или бордер;
  • Строго е забрането користење на моторни и механички превозни средства (ски лифт, жичара, ратрак, моторна санка) за време на траката;
  • Секој учесник мора да се појави на трите контролни точки наведени погоре;
  • Максимално коректно однесување према противниците, несоодветно однесување ќе биде санкционирано со дисквалификација;
  • Доколку не се почитуваат правилата, следува дисквалификација;

ПРИЈАВУВАЊЕ 

  • Пријавување за трката можете да направите до 23.02. на следниот мeил marketing@bistra.com;
  • Партиципацијата за овој настан изнесува 600 денари;
  • За Кралот и Кралицата има вредни награди од Про Спорт (скии, борд); 
  • Доделувањето на стартните бројки ќе биде на 24.02. во хотелот Лоџ (спроти билетарата) од 08 до 09 часот;

Дали си спремен да одговориш на овој предизвик?
Пријави се веднаш!!!