Купи карта онлајн

Карта за скијање

ГОДИШНА СКИ КАРТА

Почитувани Скијачи и Сноубордери,

Искористете го промотивниот период до 23.12.2018 и купете сезонски ски билет по цена од 9.990 денари. Овој пат сезoнскиот ски билет нуди многу повеќе, и тоа:

- Скијање во секој дел од денот додека трае Ски сезоната

- Ноќно скијање секој викенд

- Обезбедено паркинг место (веднаш до Хотел Фершпед)

- Уживање во сите настани од ски календарот

- Добивање на сите информации поврзани со зимската сезона во Маврово пред сите останати

 

Доколку сакате да го искористите промотивниот период за купување на сезонска ски карта за Ски Центар Маврово, треба да ги направите следните 2 чекори:

 

1. Во најблиската банка или пошта ќе уплатите 9990,00 денари.

Информации кои се потребни да се изврши и верификува уплатата се следните:

 

- Име и презиме и адреса од лична карта на корисникот на ски картата (за деца само име и презиме)

- Цел на дознака: Уплата за сезонска ски карта за (име и презиме)

- Датум и место на уплата

- Назив на правно лице: ДТУ Ски Центар Заре Лазаревски - Маврово, с.Маврово

- Жиро Сметка: 200-0000916163-95

- Износ: 9990,00 денари

 

pp10 уплатница

 

2. При подигање на картата на билетарата на Ски Центар Маврово треба да приложите копија од уплатницата, ќе бидете сликани и ќе ви биде издадена сезонската ски карта.

 

Напомена: Повратен депозит во износ од 150,00 денари за чипуваната/дигиталната ски карта ќе бидат наплатени при издавање на ски картата. Истите ќе можете да си ги повратите на крај на сезона кога ќе ја вратите ски картата во депозит машината лоцирана до билетарата на ски центарот.

 

ЦЕНОВНИК

За информации околу цените на скијачките карти, како и картите за жичара, ценовник може да го превземете овде: ценовник

За скијачка карта за локално население и сопственици на викендички потребно е да се пополни формулар и истиот да се достави до Ски Центарот на одобрување. Формуларот можете да го превземете овде: барање

Скијачкиот центар од Маврово има неколку правила наменети за користењето на скијачките карти. Секој скијач е потребно да ги почитува истите и да се придржува до сите правила наменети за правилно однесување на ски патеките. Важните забелешки за скијачка карта може да ги прочитате на следниот линк: забелешки