Купи карта онлајн

Пропозиции и правила

ПРОПОЗИЦИИ И ПРАВИЛА
Оваа година освен натпреварот во скијање, ќе се одржи и натпревар во
snowboard. Со тоа, тимовите може да бидат мешани при пријавувањето, односно тимот може да е составен и од скијачи но и од бордери.

Натпреварите ќе бидат крајно професионално организирани. За таа цел Скијачкиот Центар од Маврово како организатор и иницијатор на оваа хумана велеслаломска трка, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија веќе изготви програма и пропозиции, по кои ќе се одвиваат квалификационите и финалните трки. Натпреварувањето ќе се одржи на патеката од Галичкиот ски лифт. Времето ќе се мери електронски, Директор на трките е реномираниот, меѓународен судија, Г-н. Виктор Крстевски-Викса, а веќе традиционално главен судија на натпреварувањето е Г-н. Јохан Елзесер.

Натпреварот ќе започне со едно квалификациско возење за сите пријавени натпреварувачи и во двете дисциплини. Најпрво ќе стартуваат натпреварувачите во женска конкуренција, па оние кои се над 40 годишна возраст (сениори), а за крај, најмладите или сите оние кои се родени пред и заклучно со 1976 година. Најдобрите 8 или 16 од секоја категорија ќе се квалификуваат за финалните трки во недела. Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи, во петок пред состанокот ќе се одлучи колку финалисти во секоја категорија одат понатаму. За екипниот дел од натпреварувањето кое завршува во сабота, се важат најдобрите две времиња од трите натпреварувачи од квалификациската трка за секоја дисциплина.

Екипите пријавуваат по три аматери скијачи или бордери, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории, аматери и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2008/2009 година. Членовите мора да бидат вработени во компанијата која го пријавува тимот.

Доколку пред и после настанот се увиди дека некој од тимовите не се придржува до правилата и пропозициите, истите ќе бидат дисквалификувани.

Thumbnail

 

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА ПРИЈАВИТЕ ТИМ!?

  • Секоја компанија има можност да пријави свој тим. Еден тим мора да биде составен од 3 учесници скијачи или бордери.
  • Тимот може да биде составен од само скијачи, само бордери или мешано, скијачи и бордери.
  • Котизација за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари.
  • Само тројца пријавени во тимот имаат право на стартен број. Задолжително изберете еден од членовите за капитен на тимот.
  • Секоја компанија може да пријави повеќе тимови.
  • Учесниците МОРА ДА БИДАТ ВРАБОТЕНИ ВО КОМПАНИЈАТА која ги пријавува во својот тим.

ЧЕКОРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Чекор 1
Испратете е-маил на marketing@bistra.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 16ти АХВМ, и ќе добиете повратен маил со пријава за учество.

Чекор 2
Пополнете ја пријавата уредно, и повторно пратете ја на истата маил адреса.

Чекор 3
Платете ја котизацијата за секој пријавен тим по 12,000 денари и пратете ја скенирана уплатницата на marketing@bistra.com (називот и информациите за депонентот ќе ги добиете на меил веднаш по првиот чекор).

Секоја фирма учесник има можност на целната рамнина да постави свој банер или реклама (2m x 1m), а препорачливо е да направи и свое брендирано знаме (2m x 1m) со лого, за препознатливост и бодрење на своите екипи.
ПРИЈАВЕТЕ СЕ И СКИЈАЈТЕ ЛИ БОРДАЈТЕ ЗА ХУМАНА ЦЕЛ!