Купи карта онлајн

Прошетка или Трчање

Некој од нас практикуваат релаксирачка прошетка, други сакаат да трчаат, и после нив ги имаме оние кои се вљубени или “заразени“ со планинско трчање. Ова се одлични форми на вежбање и начини како можете да допрете подлабоко во истражувањето на природната убавина во Маврово. Доколку сакате да останете во движење на вашиот одмор, на “располагање“ имате 72,000 хектари недопрена природа и не заборавајте, трчањето започнува онаму каде патот завршува. 

 

Еден совет од нас,

Никогаш не ја потценувајте романтичната прошетка покрај мавровското езеро на зајдисонце, со врвот Кораб исправен во позадина на пејсажот.