Купи карта онлајн

Планинарење

Ниту една друга активност не ја комбинира љубовта кон природата и вежбањето толку хармонично како планинарењето. Тоа им дава на луѓето мир и виталност, овозможувајќи да се исклучат од секојдневието, да сонуваат, да размислуваат и да се релаксираат на сосема поинаков начин.

Земајќи го фактот дека Маврово е Национален парк и со својата неверојатна природна убавина, од езерото, клисурите, водопадите, боровата шума, бесконечните полиња пропратена со својата разновидност на дивиот свет, го прави совршена дестинација за Вашата летна авантура. Покрај семејни прошетки, лесни планинарски тури или напредни алпинистички правци, Ваше е само да ја изберете соодветната тура, да уживате во прекрасните предели, недопрената убавина и величествените погледи.

Дел од нашите препораки за планинарски тури се

  • Тура до Меденица (2163 м.н.в.)

  • Тура до Карбула (2148 м.н.в.)
  • Тура до Бистра (2102 м.н.в.)
  • Тура до Манастириште (2060 м.н.в.)
  • Тура до Кораб (2764 м.н.в.)

Еве и мал предизвик за Вас, споделете ја вашата најдобра фотографија од некоја планинарска тура користејќи го хаштагот #skimavrovo, чисто да ги инспирирате и да ги предизвикате останатите да излезат во природа и да практикуваат поздрав начин на живот.

За повеќе информации можете да ни се обратите на info@skimavrovo.com

.