Маврово во лето
Кога ќе се стопи снегот и дрвјата во селото ќе се облечат во смарагдна боја, Маврово се претвора во еден различен вид на планинско игралиште: ски-терените се преобразуваат во километри долги и совршени патеки за планинарење и планински велосипедизам. И, најважно од сè, селото продолжува да ги нуди своите капацитети за јадење и сместување во текот на целото лето.

Без разлика дали се подготвувате за посета на планинските фестивали, дегустација на домашно зготвена храна, активности за градење на тимскиот дух или само за планинарење – Маврово нуди нешто за секого во текот на летниот период.
Сонцето заоѓа зад езерото, пејзажот се отвора над планинскиот превој, се гледаат полиња со диви цвеќиња... поаѓајќи од дивината па сè до терасите на кафулињата, секој миг може да ве обземе. Со еден збор, Маврово е чиста радост.